Saturday, December 3, 2016
World AIDS Day!

World AIDS Day!

Started in 1988, World AIDS Day is about increasing awareness, fighting prejudice and improving education. ...

Повеќе

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

Мастер обучувачи во акција

Од 30 септември до 2 октомври 2012 година во Охрид се одржа тридневна обука за 35 мастер обучувачи како дел од Проектот за Меѓуетничка Интеграција во Образованието во цел учесниците да стекнат нови знаења како и да ги подобрат вештините за идните активности кои се дел од концептот за меѓуетничка интеграција во нашето образование. Обуката беше спроведена од страна на обучувачи од Центарот за човекови права и разрешување конфликти (ЦЧПРК).

Во првиот дел од обуката препораки за презентирање и фацилитирање беа споделени со мастер обучувачите како тие би можеле да се чувствуваат посигурни за идните активности. Мастер обучувачите ќе ги користат овие нови вештини кога ќе ги обучуваат Тимовите за училишна интеграција (ТУИ) за спроведување на концептот за меѓуетничка интеграција на училишно ниво.

На обуката, на учесниците им беа обезбедени работни материјали како насоки за понатамошните активности и симулации на учесниците. Овој материјал се состои од теми кои се однесуваат на меѓуетничка интеграција во образованието, како на пример каков тип на мултикултурно или мултиетничко општество ни е потребно, етнички стереотипи и предрасуди како предизвик и потребата за меѓуетничка интеграција во образованието, нешто што ќе биде од корист во процесот на поддршка на активностите кои следат по обуката.

Во рамките на активностите, активности за симулација беа изведени од страна на мастер обучувачите во насока на зајакнување на нивните компетенции за успешено пренесување на нивното знаење на Тимовите за училишна интеграција (ТУИ) кој што се состојат од основни и средни училишта, од пилот општините Бутел, Тетово , Битола и Струмица. Активностите со симулација беа подготвени во шест работни групи. Секоја работна група се состоеше од мастер обучувачи – практичари (наставници, директори, психолози, педагози, одговорните за образование во општината итн) и мастер обучувачи назначени од Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука. На крајот на симулацијата на секоја работна група, групата која што ја врши симулацијата ги изнесува своите мислења и добива повратна информација од присутните мастер обучувачи и обучувачот од ЦЧПРК. Тоа е нешто што ќе влијае на самодовербата на обучувачот и претставува важно искуство кога истиот ќе ја дисеминира обука на Тимовите за училишна интеграција.

На последната сесија на мастер обучувачите им беше презентирана стратегијата за воведување на ПМИО активности кои ќе им овозможат подобра меѓуетничка интеграција во училиштата. Мастер обучувачите ентузијастички соработуваа кон генерирање нови идеи за можни активности во рамките на наставни и вон-наставни активности кои ќе ги стимулираат учениците со различно етничко потекло да научат како да комуницираат и да живеат заедно во Република Македонија. На ученичките активности спроведени заедно ќе им помогне да се намалат и надминат предрасудите кон другите етнички заедници, како и да се зголеми нивната меѓуетничка толеранција и соработка.