Saturday, August 19, 2017
Заврши Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Заврши Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Преку 1000 наставници, ученици, родители, претставници од образовните институции, граѓански организации, УСАИД и ЕУКОМ ги ...

Повеќе

Одржана конференција за споделување на добри практики за одржување на  училишните објекти

Одржана конференција за споделување на добри практики за одржување на училишните објекти

По организираните обуки за одржување на училиштата наменети за членовите на тимовите за реновирање на ...

Повеќе

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

При крајот на јануари, во Скопје се одржа тркалезна маса на тема: „Улогата и поддршката ...

Повеќе

Одржана обука за креативни корнери

Одржана обука за креативни корнери

При крајот на јануари во Скопје се одржа тридневна обука за креативни корнери на која ...

Повеќе

Модел училишта – Каде бевме и што се промени во меѓувреме

Модел училишта – Каде бевме и што се промени во меѓувреме

Во текот на неделата, во четири модел училишта: ОУ „Браќа Миладиновци“ и ОУ „Бајрам Шабани“ ...

Повеќе

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

При крајот на декември се одржаа два свечени настани на сечење лента во основните училишта ...

Повеќе

Семинар за подигање на свеста за Тимовите за училишна интеграција од четири модел-училишта за активности од меѓуетничка интеграција во образованието

На тридневниот семинар присуствуваа 37 членови на Тимовите за училишна интеграција од четири модел-училишта (две основни и две средни) и 7 членови од партнерските организации Лоја и Сумнал, со цел да се подигне свеста и да се овозможи да се развијат вештини за унапредување на меѓуетничката интеграција во образованието. Исто така, обуката имаше за цел да ги обучи учесниците со различни пристапи кои ќе го прошират мултикултурниот контекст во образовниот систем и преку неа да се  покаже значењето на мултикултурното и мултиетничкото општество при имплементација на проектните активности.

На почетокот фокусот беше ставен на подигнување на свеста на членовите на Тимовите за училишна интеграција со цел да научат како да се справат со етничките стереотипи и предрасуди како предизвик. Преку разни вежби и презентации да се размислува за потребата за меѓуетничка интеграција во образованието, посебно кога поделбата на образовниот процес е поради етнички/јазични причини.

Понатаму, обуката на учесниците им понуди конкретни методологии поврзани со улогата на Тимовите за училишна интеграција што ќе ја имаат како што е, на пример, претставување на основните активности и области за промена кои се очекува да се случат за меѓуетничка интеграција во образованието; улоги и одговорности; и важноста од вршење на самоевалуација во училиштето која беше тестирана преку вежби со симулации.

Координацијата и следењето на училишните активности за меѓуетничка интеграција во образованието се од витално значење. На обуката, членовите на Тимовите за училишна интеграција беа запознати со инструментите што можат да им помогнат да се следи спроведувањето и резултатите што се постигнати во самите училишта, додека улогата на партнерските организации е да им помогне на училиштата при вршење на надворешната евалуација, со цел да се подобри меѓуетничката интеграција во образованието.