Wednesday, July 28, 2021

Обуки за тимовите за училишна интеграција од пилот општините

Во партнерство со водечките образовни институции (БРО и ЦСОО), повеќе од 400 членови на Тимовите за училишна интеграција (ТУИ) од 58 училишта се собраа помеѓу 2 и 20 ноември, 2012 за да воспостават заедничка платформа за концептите на мултикултурно и мултиетничко општество.

Поделени во 13 групи, групите за обука на членовите на ТУИ дискутираа и споделуваа како ја гледаат ситуацијата по период од 20 години, со постигната меѓуетничка интеграција на училишно и општествено ниво во Македонија.

Кога ги презентираа своите планови за активности за постигнување на меѓуетничка интеграција на училишно ниво, тие осмислија крајно инвентивни следни заеднички активности за учениците. Тие вклучуваат: заеднички изведби со интеракција помеѓу етнички мешани групи ученици преку еднакво учество на сите етнички заедници (Македонци, Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Власи); спортување со натпревари помеѓу етнички мешани тимови од ученици од источна и западна Македонија (пр. вклучувајќи ученици од општината Тетово и општината Струмица); професионална соработка помеѓу наставниците од партнерските училишта при планирањето на заедничките активности со етнички мешани ученици со цел да се подобри квалитетот на образованието; соработка помеѓу ученичките тела при организирањето на заедничко дружење со цел да се дискутираат одредени теми и/или на заеднички екскурзии и многу повеќе.

Најголемиот дел од нивните погледи се во насока на тоа дека меѓуетничката комуникација ќе се подобри во реалноста – дека ќе постои заемно почитување помеѓу различните етнички заедници, со појава на многу мешани бракови и училишта со ученици од различни етнички потекла. Тоа е начинот на кој членовите на ТУИ ги дефинираа целите, коишто го насочуваат унапредувањето на емоционалните и социјални вештини на учениците, а за кои треба да се вложи труд во меѓуетнички интегрираното образование. Учесниците на обуките многу високо ги евалуираа работните методи, работната атмосфера, корисноста на темите за обука во училиштата, работата на мастер обучувачите и организацијата на обуката.