Monday, October 23, 2017
Заврши Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Заврши Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Преку 1000 наставници, ученици, родители, претставници од образовните институции, граѓански организации, УСАИД и ЕУКОМ ги ...

Повеќе

Одржана конференција за споделување на добри практики за одржување на  училишните објекти

Одржана конференција за споделување на добри практики за одржување на училишните објекти

По организираните обуки за одржување на училиштата наменети за членовите на тимовите за реновирање на ...

Повеќе

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

При крајот на јануари, во Скопје се одржа тркалезна маса на тема: „Улогата и поддршката ...

Повеќе

Одржана обука за креативни корнери

Одржана обука за креативни корнери

При крајот на јануари во Скопје се одржа тридневна обука за креативни корнери на која ...

Повеќе

Модел училишта – Каде бевме и што се промени во меѓувреме

Модел училишта – Каде бевме и што се промени во меѓувреме

Во текот на неделата, во четири модел училишта: ОУ „Браќа Миладиновци“ и ОУ „Бајрам Шабани“ ...

Повеќе

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

При крајот на декември се одржаа два свечени настани на сечење лента во основните училишта ...

Повеќе

Обуки за одржување на училиштата за подобри услови за учење

Училиште со скршени прозорци и провев, азбестна покривка и напукнати внатрешни ѕидови, систем за греење со ќумбиња на дрва, градежни позиции кои несоодветно се одржани и негрижа кон училишни дворови може да предизвика видливи проблеми, кои не поттикнуваат ефективно учење. Училиштата во Македонија се соочуваат со голем предизвик за одржување на образовните установи на ниво кое им овозможува на наставниците да ги задоволат потребите на учениците во 21-от век.

УСАИД проектот за меѓуетничка интеграција во образованието со средства од Европската команда на американската војска (EUCOM) неодамна реновираше девет основни и две средни училишта, обезбедувајќи стимул за училиштата и локалните заедници да станат партнери во процесот на подобрување на образованието на нивните деца.

Сепак, едногодишната работа со основните и средните училишта и бројните студиски посети во земјата, покажа дека одржувањето на училишните објекти е еден од главните слабости во образовниот сектор во Македонија. Предизвици за одржување се јавуваат како во скоро реновираните училишта така и во постарите училишни објекти, иако се разликуваат проблемите со кои тие се соочуваат. Затоа што одржувањето на училишните објекти влијае на физичката, образовната и финансиската состојба на училиштата, тоа треба да биде фокусот и на секојдневнo функционирање и долгорочно управување според зададени приоритети. Сепак ефикасното планирање бара координација на ресурсите и посветеност на сите нивоа на образование и локалната заедница.

Ова е причината зошто ПМИО поучени од здобиеното искуство, започнаа активности подготвени со цел да ги посочат приоритетните потребите за одржување на училиштата кои се дел од проектот, со цел да им се помогне во обезбедување чиста и безбедна средина за децата и да се создаде средина што е соодветна и подобна за учење.
Обуката за одржување на училиштето беше наменета за вработените во училиштето и oпштината, каде што се планира, организира и изведува одржување на објектите. Останати вклучени беа: директорите на училиштата и секретари, членови на училишните одбори, родителите, општинските службеници, членови на приватниот сектор и локалните заедници, како и вработените одговорни за одржување на училиштата и хигиеничарите. Четири регионални работилници беа организирани во Скопје, Струмица, Тетово и Битола.

Главна цел на обуката беше, развивање на капацитетите на Тимовите за реновирање на училиштата и зајакнување на вештините на техничкиот персонал, овозможувајќи им на училиштата и општините правилно планирање, спроведување на активностите за одржување во нивните училишта и грижа за училишните објекти сега и во иднина. Со цел да се подготват годишните планови во согласност со нивните потребите за одржување, учесниците користеа чек листи и изведуваа проценка на училишни објекти како дел од практичната работа во групи. Исто така, тие вежбаа како да подготват буџетот за одржување врз основа на историски податоци за одржување и обем на тековното одржување така што тие можат правилно да планираат и спроведат одржување на објектите за одредена сума на пари. Како што буџетите се обично недоволни, учесниците исто така ги споделуваа своите идеи и активности за изнаоѓање на дополнителни средства, кои што можат да се искористат за одржување на училиштата. Техничкиот персонал кој е значително вклучен во секојдневните поправки и одржување на училишните објекти, се охрабрува да завземе активна улога во планирање на процесот за одржување на објектите.

Секое училиште доби задача за проактивно развивање и спроведување на план за справување со неочекувани барања за одржување. Развивање на солиден план за одржување и буџет ќе им помогне на училиштата да преземат соодветна заштита на нивните објекти.

Учесниците ги искористија информациите и знаењата кои ги добија за време на работилницата и употребувајќи ги своите вештини ги применија за време на практичните задачи. Без разлика дали станува збор за дефинирање на стандардите за одржување или планирање на буџетот за следната година, знаењата и вештините на учениците и вработените во општините беа клучни за постигнување на целите на работилницата. Учесниците сфатија дека одржување на училишниот објект е од витално значење во управувањето со училиштата и многу препораки беа споделени врз основа на најдобрите практики од училишта кои што учествуваа.
На четирите обуки беа вклучени: 97 учесници од кои корист ќе имаат над 7.000 деца, 600 лица вработени во училиштата и 75 лица одговорни за одржување на 11 училишта кои се дел од проектот.