Saturday, December 3, 2016
World AIDS Day!

World AIDS Day!

Started in 1988, World AIDS Day is about increasing awareness, fighting prejudice and improving education. ...

Повеќе

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

СЕКОЈ ДА СИ ЈА КОПА БАВЧАТА КАКО ШТО ТРЕБА

Сашо Мацановски – Трендо речиси две децении е една од најпопуларните и најактивните личности во медиумите и јавноста во Македонија. Од забавните и ултра-популарни емисии „Балкан Експрес“ или „Милионер“, уредничките позиции и директорување во најгледаните телевизии во Македонија А1, Канал 5 и Сител, пионерството на Интернет (во време кога корисниците во Македонија беа неколку илјади на број) и создавањето на популарниот сајт „Он-нет“, па сè до неговото најново е-чедо „Оф-нет“, неговиот специфичен хумор и непосредноста во комуникацијата ги освојуваат симпатиите и срцата на луѓето што го читаат и гледаат.
Токму таа непосредност го дефинира и неговиот пристап кон меѓуетничките односи, уште на почетокот на нашиот разговор, кој го водевме по неговото учество на дебатите и тркалезните маси со директори, наставници, родители и ученици и претставници на општинските образовни структури, што се организираа во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

Каков е твојот впечаток, како функционира меѓуетничката интеграција во образованието? Се работи ли на интегрирање на младите, или пак и таму секојдневно се продлабочуваат и исцртуваат невидливите граници ?

Трендо: Јас за образованието можам лимитирано да судам, од една страна како родител, како некој што праќа дете во тој систем и има доволно доверба да го даде во нивни раце, и второ, како човек од медиум затоа што дел од публиката ми се младите а младите се дел од образованието. Не знам што прават, значи системски одговор немам, но знам дека е ужасно битна целата таа функција на образованието, затоа што почнуваат да ја ‘закопчуваат кошулата’, а доколку се згреши кога се почнува да се закопчува, до последното копче тешко се исправа работата. Мислам дека образованието може многу да направи, во смисла да ги подготви младите да размислуваат критички, и да им го зголеми ‘имунолошкиот систем’, за да не бидат толку подложни на манипулации од секаков вид.

Од твоето лично искуство, и како родител, и од тоа што го слушаш од твоите пријатели, луѓеto со кои што контактираш, дали мислиш дека се работи во оваа насока?

По овие дебати и тркалезни маси, дали сметаш дека се дискутира отворено за проблемите, се наѕираат решенија, или пак работите се кријат под тепих, вината се бара во другиот – наставниците во родителите, родителите во наставниците, а сите заедно го гледаат виновникот во медиумите?

Трендо: Секој од нас настојува проблемите да ги гледа од одреден агол, професионално одреден, а за да погледнеш убаво некоја работа треба да ја видиш од различни страни, што е можно по оддалеку, за да ја видиш целината. Она што јас се обидувам да го правам како човек од медиум, она што и професорите би требало да го прават, е да не дозволиме сите тие млади, кои се разликуваат по сите можни линии, првенствено по етничка или верска линија, да не дозволиме единствената работа што ги спојува да биде невкусот.

Да позборуваме малку за Интернет, област во која имаш солидна експертиза и искуство. Очигледно, тој станува новата училница, која што, за жал, е преоптоварена со многу шпекулации, непотврдени или невистинити информации, говор на омраза, стереотипи и предрасуди…Дали ова се случува поради отпорот на едукаторите да станат активен дел од таа училница, или е тоа поради тоа што едноставно јавноста, јавниот дискурс во Македонија се профилира на тој начин? Ги гледаш ли едукаторите таму? И даваат ли медиумите шанса на оваа тема или е тоа оставено речиси без контрола?

Гледаш ли свесност кај луѓето од образованието, дека треба да влезат во таа Интернет училница, или како сè уште да постои отпор?

Трендо: Веројатно постои отпор, тоа се подразбира генерациски, меѓутоа тоа е тоа. Интернет не е нешто што е сега мода, па утре ќе помине. Тоа е аквариумот во кој пливаат тие млади риби.

Ајде малку да ја насочиме темата кон она колку ние всушност се познаваме едни со други. Како да го надминеме она површното – „ние одиме кај нив за Бајрам, тие доаѓаат кај нас за Велигден“ и отприлика тука некаде завршува разбирањето за добри меѓуетнички релации. Како да го помрднеме ова кон посуштествени контексти и контакти?

Не сакаш луѓето да ги гледаш низ онаа етничка призма: „јас имам пријател Албанец или Tурчин“. Имаш многу пријатели од сите етнички заедници, но честопати одбиваш да разговараш на оваа тема низ призма на етничкото и колективното, туку инсистираш да се разговара низ призма на индивидуалното и човечкото. Ете од таа призма, на крај, која би била твојата порака до секој индивидуалец, не Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Влав, Србин или Бошњак, туку до секој човек во Македонија. Како да дојдеме поблиску едни до други?

Трендо: Мене таа тема ми е малку туѓа, и не сакам за неа да зборувам, како што си забележал, затоа што мислам дека го монополизира дискурсот на различностите. Македонци и Албанци не е единствениот ров кој е ископан овде. Денес е тажно што малцинство се оние што не гледаат турски серии, тоа е едно малцинство за кое вреди човек да се бори и да ги брани нивните права во однос на мнозинството. Инаку, порака немам, начинот на кој јас ги мерам моите лични ангажмани е да ми обезбедат интегритет, да ми обезбедат забава и живи и здрави да сме сите наоколу. Во „сериозна порака“ искрено не верувам, затоа што таквите не оставаат траги.

Нема универзален рецепт за тоа како да се зближат луѓето?