Monday, December 6, 2021

Јубилејот на средното земјоделско училиште во Кавадарци одбележан и со активности за меѓуетничка интеграција

Богата програма и многу активности за време на одбележувањето на јубилејот – 60 години постоење на средното земјоделско училиште „Ѓорче Петров“ од Кавадарци.

OLYMPUS DIGITAL CAMERAПразнувањето на младите кавадарчани беше збогатено и со гостување на средношколците од партнерското училиште „Дрита“ од Кичево.

Учениците од двете училишта реализираа заеднички работилници, изработуваа цртежи на хамер и цветни аранжмани, а на крајот пред присутните гости го изведоа рециталот ,,Сите сме исти“.

Заедничките активности на учениците од двете училишта беа интересни и за локалната телевизија КТВ од Кавадарци, која информираше за заедничката дружба на средношколците од различна етничка припадност.

Погледнете како изгледаше телевизискиот прилог во вестите на КТВ:


(извадок од вестите на КТВ, кој се однесува на МИО активноста)