Friday, July 30, 2021

Училиштето во Матејче доби ново спортско игралиште

DSC03576Машини, багери и камиони. Дворот на основното училиште „Култура“ во село Матејче, за време на летниот распуст наликуваше на вистинско градилиште. Под будното и љубопитно око на децата и родителите, се градеше долгоочекуваното спортско игралиште.

И конечно, на 1-ви септември учениците од Матејче ја започнаа учебната година со ново спортско игралиште. Задоволни и видно расположени, најмладите Матејчани веднаш направија „сефте“ на новите терени и спортски реквизити, додека, наставниците забрзано се подготвуваа за училишните активности.

Изградбата на игралиштето се реализираше во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието во соработка со општината и локалната заедница.

20150326_124836Само пред неколку месеци, сликата во ова училиште беше сосема поинаква. Кон крајот на март, ученици од основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ од Ранковце ги посетија своите нови другарчиња од партнерското училиште „Култура“ во Матејче. Во таа прилика учениците од двете училишта одиграа пријателски натпревар, но, на импровизиран терен на земјениот двор во училиштето.

Сега ситуацијата е сосема поинаква. Учениците од Матејче може да се пофалат со модерно спортско игралиште, на кое може да се играат натпревари во фудбал, кошарка и ракомет.