Saturday, October 16, 2021

Ученички активности на патрониот ден на општина Кисела Вода

Десетина основци од партнерските училиштата „Рајко Жинзифов“ од Пинтија и „Алија Авдовиќ“ од Батинци учествуваа на одбележувањето на патрониот ден на општина Кисела Вода, „6 Мај – Ѓурѓовден“.

На свечениот настан, учениците од двете училишта се претставија со заедничка кореографија и изработија хамер со честитки за празникот на општината.  Ученичките беа облечени во маички во неколку бои, а на главите носеа венчиња со цветови како симбол за празникот Ѓурѓовден.

1 2