Saturday, September 25, 2021

Учениците од „Тефејуз“ и „Гоце Делчев“ во улога на телевизиски ѕвезди

Партнери уште од 2013 година, основните училишта „Тефејуз“ од Чаир и „Гоце Делчев“ од Центар, веќе трета година континуиранo соработуваат и реализираат голем број заеднички активности. Со цел да го презентираат нивниот успешен модел на соработка помеѓу две училишта со различни наставни јазици, 80 ученици од двете училишта, по втор пат, гостуваа на детската емисија „Голем Одмор“, на Македонската радио телевизија.

DSC06000Под водство на наставничките Јелиз Ахмет, Маја Ѓеоргиевска,Тулај Адеми и Викторија Боровска, учениците ги презентираа нивните последни активности пред целата држава. Покрај работилницата за здрава храна, реализирана со помош на професионален нутриционист, учениците спроведоа активност на англиски јазик за Ноќта на вештерките, изработија филигран од хартија, и учествуваа во спортски активности. Дополнително, учениците од „Гоце Делчев“ научија да рецитираат неколку песни на турски јазик, додека учениците од „Тефејуз“ на македонски јазик.

DSC06009Опуштената атмосфера и пријателскиот однос меѓу наставничките од двете училишта јасно ја отсликува длабочината на соработката меѓу овие две училишта. Како што изјавија координаторките на тимовите за училишна интеграција од двете училишта, Јелиз Ахмет и Маја Деспотоска Саридис, училиштата континуирано имаат средби и заеднички активности, и ова е пракса која тие планираат да ја продолжат и во иднина.