Sunday, May 16, 2021

Учениците од партнерските модел училишта од Куманово низ игровни активности учат едни за други

Ако се викаш Зоран или Виолета дали имаш свој имењак кај деца што учат на албански наставен јазик? Можеби кај албанските деца нема имиња како Зоран или Виолета, но сепак има Агим и Вјолца, а тоа е речиси исто како да се викаат Зоран и Виолета бидејќи значењето на имињата е исто.

DSC_0551

Токму тоа, учениците од партнерските модел училишта „Браќа Миладиновци“ и „Бајрам Шабани“ од Куманово, го увидоа за време на 14-та по ред Мултикултурна работилница, која ја водеа наставнички-ментори од двата наставни јазика.

DSC_0572

Во рамки на работилницата, се реализираше една од дополнително креираните содржини за усвојување на основните концепти од другиот јазик, за ученици од второ и трето одделение што учат на албански и македонски наставен јазик. Низ целата работилница владееше исклучително позитивна атмосфера со постојана соработка во „мешани“ парови или групи. Учениците со радост ги усвојуваа новите зборови и самите си поставуваа предизвик што подобро да ги научат.

Наставничките-ментори, на интерактивен и игровен начин, ги водеа учениците низ планираните содржини и придонесоа за поголемо зближување меѓу децата од двете училишта со различен наставен јазик.