Monday, October 25, 2021

Учениците од Дебар продолжуваат со заедничките средби

11198793_10202757751465089_1608699104_nПо неколкуте реализирани средби со помош на малиот грант за заеднички ученички активности, учениците од ОУ „Ристе Ристески“ од с. Косоврасти и ОУ „Саид Најдени“ од Дебар имаа уште една заедничка активност. Овој пат 20 ученици од двете училишта, во мешани екипи, одиграа другарски фудбалски натпревар.

 

Познавајќи се веќе од претходните заеднички другарувања, учениците беа пресреќни што имаа можност повторно да се сретнат со другарчињата од партнерското училиште. Како и секој спортски натпревар, и овој беше придружуван со весело навивање од публиката. Наставниците, родителите, локалното население и младите од село Долно Косоврасти се собраа околу спортското игралиште и навиваа за спортските екипи.

По натпреварот, учениците имаа заслужен одмор и заеднички ручек, на кој ја продолжија дружбата и ги споделуваа впечатоците од забавниот спортски ден.