Thursday, October 28, 2021

Упатство со Прирачник за одржување на здрави, чисти и безбедни училишни објекти

Подобрување на хигиената и на условите за престој во училиштата, намалување на трошоците за греење и унапредување на енергетската ефикасност, зголемување на рокот на употреба на вградените материјали и системи во училиштата, се главните цели на „Упатството со Прирачник за одржување на училишните објекти“, изработен во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО), во партнерство со Министерството за образование и наука.
Неодамна, Прирачникот беше претставен пред стотина претставници на училиштата, општините, Министерството за образование и наука, УСАИД и невладините организации. Во продолжение може да погледнете краток видео прилог од промоцијата на Прирачникот:

Во рамки на промотивната кампања за претставување на Прирачникот пред образовната јавност и останатите заинтересирани страни, беше изработено кратко анимирано и едукативно видео за содржината, примената и клучните цели на Прирачникот.

Електронското издание на „Упатството со Прирачник за одржување на училишните објекти“ може да го погледнете тука.