Monday, September 27, 2021

Традиционална љубов и соработка помеѓу „Вера Циривири – Трена“ и „Братство“

Неодамна, основното училиште „Вера Циривири Трена“ од скопски Карпош беше домаќин на уште една од низата средби и заеднички активности со учениците од партнерското училиште „Братство“ од истата општина. Овој пат, повод за дружба беше редовната контрола на зеленчуковата градина, која што, учениците од двете училишта ја засадија минатата есен.

IMG_5360-001Членовите на „Градинарската патрола“ направија детален увид во градината, плевеа трева и се радуваа на растот на марулата, кромидот и на  останатите билки.

Заедничкиот успех и вложениот труд учениците уредно го забележија во ботанички дневник, а не пропуштија и да го надополнат албумот со нови фотографии, кои хронолошки ја опишуваат досегашната љубов и соработка, преточена во нивната градина.

Задоволни од напредокот на зеленчукот, учениците од партнерските училиште се договорија дека на следната средба, на пролет, ќе подготват свежи салати.