Sunday, June 20, 2021

Спортска работилница во училиштето „Живко Брајковски“

Кон крајот на мај, 40-на ученици од основното училиште „Живко Брајковски“ од скопски Бутел, ги усовршуваа своите вештини во кошарка, бадминтон и ракомет.

Најпрвин, учениците увежбуваа и демонстрираа водење на кошаркарска топка со лева и десна рака, водење на топка со промена на правец и ритам, преден и заден дриблинг, двочекор со шут на кош и скок-шут од место и во движење. Потоа ги совладуваа основните техники за играње бадминтон – бекхенд удар, форхенд удар и сервис.

На крајот, учениците учеа како се игра најпопуларниот спорт во Македонија – ракометот. Тие вежбаа додавање и примање топка во место и движење, додавање на топка од позади грб, пренесување на топка од лева во десна рака, помеѓу нозе во движење, додавање на топка по под, водење на топка во движење и скок шут.

7 1 2 3 4 5 6