Sunday, June 20, 2021

Сонце, природа и заедничко креативно дружење на Матка

DSC01025Покрај убавото сончево време и восхитувачката природа, скопска Матка денес беше разубавена со уште една дополнителна глетка: покрај реката – наредени низа на штафелаи и шарени слики, кои ги изработуваа 12 мешани парови на ученици. Како што ни пренесоа самите, училишниот ден е многу позабавен кога се во природа и кога можат да работат заедно со нивните другарчиња од партнерското училиште.

DSC01030Станува збор за учениците од ОУ „Мирче Ацев“ од Ѓорче Петров и ОУ „Бајрам Шабани“ од с. Кондово, Сарај, кои, преку програмата за мали грантови на ПМИО, ќе реализираат неколку заеднички активности во текот на оваа учебна година. Ова беше нивна втора средба и, како што не известија директорите на двете училишта, сите со нетрпение ги очекуваат наредните дружења!