Monday, December 6, 2021

Посета на Стара скопска чаршија и Детски театарски центар

Триесетина ученици  од основните училишта ,,11 Октомври“ од Куманово и „Јероним  Де Рада“ од село Черкезе, прошетаа низ Старата скопска чаршија и го посетија Детскиот театарски центар. За време на посетата, тие разгледаат неколку занаетчиски дуќани и во разговор со сопствениците научија нешто повеќе за традицијата на различните занаети.

1

Посетата беше збогатена со запознавање со Детскиот театарски центар кој се наоѓа во една од улиците на Старата чаршија. Познатиот актер Бајруш Мјаку, на учениците им ги откри тајните на театарската уметност,  а тие љубопитно се интересираа за процесот на подготовка и изведба на една претстава.

3

Крајот на средбата заврши со желба за понатамошни дружења и другарувања .