Sunday, May 16, 2021

Нов систем за греење за основците од „Дрита“

Студените училници се веќе минато за учениците од основното училиште „Дрита“ од скопско Рашче. Во текот на летото, во училишната зграда беше поставен нов систем за греење, кој треба да обезбеди нормални услови за настава во текот на зимскиот период. Училиштето „Дрита“ е едно од вкупно тринаесетте реновирани училишта, кои за време на летниот распуст беа обновени преку Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО).

%d0%bd%d0%b0%d1%81%d0%bb%d0%be%d0%b2%d0%bd%d0%b0

По повод обновата на системот за греење, наставниците и учениците од „Дрита“ организираа свечен настан, на кој ги презентираа активностите и постигнувањата во сферата на меѓуетничката интеграција. На настанот присуствуваа претставници на Националната гарда на Вермонт, САД, претставници на УСАИД, министерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети, заменик министерот за одбрана, Беким Максути, како и многу ученици, наставници и родители.

7

2

За време на настанот, пред бројните гости се обратија Стивен Креј, Генерал-аѓутант на Националната гарда на Вермонт, САД, Беким Мурати, градоначалник на Општина Сарај и Музафер Муртезани, директор на училиштето. „Иако официјалната причина поради којашто сум тука денес е прославата по повод реновирањето во основното училиште „Дрита“ и вашето партнерство со училиштето од Кавадарци, постои една друга работа во врска со ова училиште и со оваа заедница којашто вреди да се слави уште повеќе. Инсталирањето на новиот систем за греење е одлична работа. Сепак, јас сакам да ги прославиме и активностите што ги спроведувате во партнерство со основното училиште „Димката Ангелов Габерот“ од Кавадарци, и она што тие значат за иднината на вашата земја“ – истакна Стивен Креј.

3

Токму вакви партнерски активности присутните гости проследија во продолжение на настанот. Покрај заедничката изведба на познатиот хит на Бени и „Нон Стоп“, „Биди ми брат, биди ми френд – bëhu im vëlla, behu im frend”, основците ги презентираа своите знаења за сончевиот систем, заеднички изработија уникатни макети и порачаа дека она што ги обединува е токму заедничката игра и воопшто дружењето и радоста.

5 6 4

Канцеларијата за воена соработка при амбасадата на САД во Скопје, во партнерство со УСАИД и ПМИО обезбедува средства за реновирање на одбраните училишни објекти. До денес, американската војска помогна во реновирањето на 61 училиште во земјава, кои се дел од ПМИО.