Monday, December 6, 2021

Модел училиштата во Куманово – Со нов лик во новата учебна година

Во текот на летниот распуст, во двете модел училишта во Куманово се работеше под полна пареа. Имено, училиштата се реновираа во рамките на компонентата за стимул на училиштата и локалните заедници на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Новопоставените прозорци и врати во ОУ „Браќа Миладиновци“ и новата фасада во ОУ „Бајрам Шабани“ се само поттик повеќе – да се продолжи уште поинтензивно со големиот број на заеднички активности со учениците од двете училишта, во кои наставата се одвива на различни наставни јазици.

Реновирањето се одвиваше со поддршка на Општина Куманово. Градоначалникот и локалната заедница помагаа заеднички, и придонесоа во создавањето на новиот лик на училиштата. Сите вложија максимален труд, за учениците од двете училишта да ја започнат новата учебна 2015/2016 година во реновирани училишта, во посветли училници и во попријатен амбиент за престој.

бм

 

Новите прозорци и врати во подрачното училиште на ОУ „Браќа Миладиновци“, меѓу познато кумановчани како „Соколана“, целосно го сменија изгледот на влезот во училиштето, училниците и канцелариите, а со новите тоалети, реновирани со помош на општината, се подобрија санитарните услови и хигиената во училишната зграда.

2

 

 

Новата фасада на ОУ „Бајрам Шабани“, пак, ја претвори училишната зграда во прекрасен објект, привлечен за престој на учениците. Самиот објект сега е позаштитен од надворешните атмосферски влијанија, што ќе влијае на подобрување на условите за престој во текот на зимата.

 

Учениците од двете модел – училишта со различни наставни јазици ќе продолжат да работат во поубав амбиент. Тие го заслужија тоа – со енергијата и сплотеноста со која зрачат. Заедно со многу други училишта кои се вклучија во овој проект, тие претставуваат пример за интегрирано образование и заедништво, за сите нас.