Tuesday, October 26, 2021

Младите радовишани се натпреваруваа во одбојка

Пријателски натпревар во одбојка и многу забава за време на заедничките активности на учениците од партнерските основни училишта  „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш и „Коста Рацин“ од Подареш.

Триесеттина ученици од двете училишта, низ игра и заедничко работење, меѓусебно се запознаваа и го развиваа спортскиот дух. Неколкуте фотографии од наставниците сведочат за одличната атмосфера и фер-плеј натпревар на младите радовишани.

1 2 0