Thursday, June 17, 2021

Кумановските основци во посета на другарчињата од Липково

0Изработка на накит, еколошка акција и пријателски натпревар во одбојка, за време на заедничките активности на 80-на ученици од основните училишта „Дитурија“ од Липково и „Вук Караџиќ“ од Куманово.

 

Атмосферата во креативното катче наликуваше на вистинска работилница за накит. Училишните клупи беа полни со монистри од сите големини, ножици и други материјали, а околу нив вредните раце на учениците кои изработуваа накит по сопствен вкус.

Активностите продолжија на Липковската брана, каде што учениците разговараа за екологијата, се дружеа и уживаа во природната убавина.

На крајот, учениците во етнички мешани екипи го развиваа тимскиот дух и се рекреираа, преку пријателски натпревар во одбојка.

1 2