Monday, December 6, 2021

Кој сум јас и како ме гледаат другите – интерактивна работилница во училиштето „Петар Здравковски-Пенко“

2Дваесеттина ученици од скопското основно училиште „Петар Здравковски – Пенко“, од паралелки на македонски, албански и турски јазик, учествуваа во интерактивна работилница, посветена на запознавање со заедничките нешта кои ги поврзуваат различните заедници.

Работилницата, која се одржа кон крајот на март, ја организираа членовите на училишниот тим за интеграција, а присутни беа и гости, претставници на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

Интерактивната работа на учениците се одвиваше во 4 чекори. Најпрвин,  тие се претставија преку својот омилен предмет и ги истакнаа своите особености. Потоа, учениците имаа задача на лист да нацртаат 3 концентрични кругови, во кои ги запишуваа карактеристиките по кои се исти и слични со другите, како и карактеристиките според кои се посебни или единствени.

Во третиот чекор, учениците на парче лист запишуваа по една лична карактеристика и се потпишуваа. Сите запишани и преклопени листови беа собрани во „Кутијата на скриеното богатство“, која ќе се чува сè до завршната средба во Струга.

Работилницата заврши со дискусија за впечатоците на учениците и нивните предлози и сугестии за понатамошните активности. За време на дискусијата, одговорните ментори дојдоа до идеја да формираат „Клуб на млади медијатори“ во училиштето, кој во иднина ќе придонесе за развивање на толеранцијата и почитувањето на различностите.

3