Monday, June 14, 2021

Кои се можностите за финансирање на активности за меѓуетничка интеграција во образованието?

DSC00211На кој начин училиштата може да обезбедат дополнителни средства за поддршка на училишните активности? Какви се постоечките законски олеснувања за прибирање на средства за оваа цел? Како се поднесува барање за донација и спонзорство?

Ова се само дел од прашањата кои претставниците на општините, училиштата и на тимовите за интеграција од цела Македонија, ги дискутираа со претставници од бизнис секторот во општините, како дел од Форумите за прибирање на средства, што ги организираше тимот на ПМИО во повеќе градови низ земјата.

Учесниците на форумите најмногу беа заинтересирани за даночните олеснувања во Законот за донации и спонзорства на јавните дејности, со цел да започнат со подготовка на барања за донации и спонзорства за поддршка на заедничките ученички активности за меѓуетничка интеграција во образованието (МИО). Исто така, тие ги споделија досегашните позитивни искуства во обезбедувањето на дополнителни финансиски средства од општините и фирмите за спроведување на активностите за МИО.

Се организираа вкупно 8 форуми во Скопје, Кочани, Велес, Струмица, Прилеп и Гостивар.

Во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО), се склучија преку 260 партнерства помеѓу училишта од цела Македонија, се со цел да спроведуваат заеднички ученички активности, кои се покажаа како најзначајни во процесот на меѓуетничката интеграција.

Меѓуетничката интеграција е процес кој бара посветеност, но и поддршка од сите чинители во образованието. Затоа е неопходно сите релевантни фактори во училиштата, општините, локалната заедница и целото општество, да помогнат во реализацијата на заедничките ученички активности.

Fundraising Forum МАК