Sunday, October 17, 2021

Интегриран час на тема „Здравјето е избор!“

Ученици од подрачните основни училишта во скопските села Ракотинци, Св. Петка и Чифлик цртаа пирамида на здрава исхрана, подготвуваа  мени со совети за здрава храна и изработуваа декорации со овошјето и зеленчукот, за време на интегрираниот час по Биологија.

Интегрираниот час се одржа во основното училиште „Драга Стојановска” – Ракотинци, по повод 7 април – Светскиот ден на здравјето.

Како подготовка за часот, наставници најпрво ги запознаа учениците со правилата на однесување и задачите кои што ќе ги работат. Потоа, следеше краток вовед за Денот на здравјето – 7 април и за акциите кои се спроведуваат ширум светот во насока на подобрување на здравјето и на квалитетот на живеењето.

1 2 3 4