Tuesday, September 28, 2021

Заеднички им го разубавивме празникот на штитеничките од домот

Учениците од партнер училиштата „Кочо Рацин“ и „Наим Фрашери“ им го честитаа Денот на жената на штитеничките на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово, со заеднички изработени честитки. Ова е веќе вообичаена практика на учениците од „Кочо Рацин“, а сега со заедничка активност ја потврдија својата хуманост и сплотеност во грижата за стари лица.

12421883_954209408010343_188471774_oШтитеничките беа пријатно изненадени и возбудени од гестот на учениците и наставничките. Присуството на учениците создаде ведро и пријатно расположение и внесе многу радост во секојдневието на Домот.

Настанот беше проследен од локалните медиуми на двата јазика. На линкот во продолжение погледнете како изгледаше сторијата на Интернет порталот „Порталб”.

DSC01269Работилниците за изработка на осмомартовските честитки и украси беа реализирани во пријатна, стимулативна и ведра атмосфера на соработка и дружење. Учениците покажаа голем ентузијазам во работата, меѓусебно се зближија и разменија контакт податоци. Во текот на работата заклучија дека имаат многу нешта заеднички во одбележувањето на овој празник и упатувањето на честитките кон припадничките на понежниот пол. Притоа, научија повеќе зборови и изрази од другиот наставен јазик.

Се разделија со ветување дека ќе продолжат да контактираат и соработуваат во реализација на наставните и воннаставните активности, со што ќе се постигнат воспитно-образовните цели.