Monday, September 27, 2021

Заеднички активности на учениците од тетовските општини Боговиње и Брвеница

Учениците од тетовските основни училишта „Лирија“ од село Жеровјане и „Гоце Делчев“ од село Стенче, ги развиваа вештините за соработка, почитување и тимска работа, за време на заедничките активности што се реализираа на почетокот на март.

1Под водство на наставници-ментори, учениците цртаа и фотографираа на различни теми поврзани со културата и традицијата на етничките заедници во полошкиот регион. На крајот, не пропуштија да одиграат пријателски натпревар во одбојка, еден од омилените спортови на тетовчани.

Малкумина знаат дека во село Жеровјане постои одбојкарски клуб, којшто се натпреварува во првата лига и досега освоил многу трофеи на регионални и меѓународни натпревари. Исто така, од овој клуб произлегле многу одбојкарски ѕвезди кои играле за македонската репрезентација.

Пред разделбата, учениците од двете училишта најавија дека активностите ќе продолжат на пролет, со заеднички натпревари, екскурзии и многу дружење.

2