Sunday, May 16, 2021

„Град на пријателството“ во општина Чашка

Ученици од трите основни училишта во општина Чашка, со помош на макети конструираа град со сите  институции во општината, кој го претставија за време на заедничкиот настан што се одржа кон крајот на мај, во основното училиште „Лирија“ во  Горно Јаболчиште. На настанот учествуваа голем број ученици, наставници, родители, како и претставници на локалната самоуправа.

Основците ги изработуваа макетите со поддршка од родителите, измешани во тимови од различни училишта, но, со една иста идеја за содржината и изгледот на заедничкиот краен продукт –  Градот на пријателството.

1 2 3 4 5 6нас