Sunday, May 16, 2021

Бројни активности на основците од битолското училиште „Ѓорѓи Сугарев“

Ликовна работилница, изработка на разгледници и посета на археолошкиот локалитет „Хераклеа“, беа дел од активностите на учениците од основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“ од Битола,  кои ги реализираа во текот на март и април.

3

Најпрвин, членовите на секцијата по англиски јазик ги цртаа омилените места во родниот град Битола, за време на ликовната работилници на која учествуваше  и  Марија Розенгер,претставник на хуманитарната организација “Hand till hand“ од Шведска. Организацијата е партнер во заедничките училишни активности за тековната учебна година.

6

Потоа, следеа нови креативни активностите, преку кои учениците ги демонстрираа своите компјутерски вешти. Тие дизајнираа разгледници и промотивен материјал за училиштето, а нивниот труд е достапен на училишната веб-страница: https://gorgisugarev.wordpress.com/

5

Кон средината на април, младите истражувачи го посетија археолошкиот локалитет Хераклеа, каде прибираа информации и материјали за подготовка на брошура.

Активностите на учениците од „Ѓорѓи Сугарев“ продолжуваат и во следниот период, а наскоро очекуваме нови информации и фотографии за сработените задачи.

12