Wednesday, August 23, 2017
Заврши Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Заврши Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Преку 1000 наставници, ученици, родители, претставници од образовните институции, граѓански организации, УСАИД и ЕУКОМ ги ...

Повеќе

Одржана конференција за споделување на добри практики за одржување на  училишните објекти

Одржана конференција за споделување на добри практики за одржување на училишните објекти

По организираните обуки за одржување на училиштата наменети за членовите на тимовите за реновирање на ...

Повеќе

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

При крајот на јануари, во Скопје се одржа тркалезна маса на тема: „Улогата и поддршката ...

Повеќе

Одржана обука за креативни корнери

Одржана обука за креативни корнери

При крајот на јануари во Скопје се одржа тридневна обука за креативни корнери на која ...

Повеќе

Модел училишта – Каде бевме и што се промени во меѓувреме

Модел училишта – Каде бевме и што се промени во меѓувреме

Во текот на неделата, во четири модел училишта: ОУ „Браќа Миладиновци“ и ОУ „Бајрам Шабани“ ...

Повеќе

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

При крајот на декември се одржаа два свечени настани на сечење лента во основните училишта ...

Повеќе

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

При крајот на јануари, во Скопје се одржа тркалезна маса на тема: „Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата“, на која учествуваа триесетина претставници од медиуми, универзитетски професори, експерти од институции и претставници од УСАИД.

Целта на тркалезната маса беше да се споделат досегашните позитивни искуства и практики во насока на подобрување на меѓуетничката интеграција во училиштата, како и да се дискутираат потенцијалните начини за зајакнување и подобрување на улогата на медиумите во овој процес.

На почетокот свои излагања имаа г. Небојша Мојсоски, Раководител на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, г-ѓа Назихтере Сулејмани, државен советник во Министерството за образование и наука и претседател на работната група за интегрирано образование во МОН, како и новинарот г. Зоран Бојаровски.

DSC04815

Г. Мојсоски потенцираше дека постигнувањето и одржувањето на меѓуетничка интеграција во образованието и воопшто во општеството е еден комплексен и долгорочен процес, по што сумарно ги сподели многуте чекори кои до сега се направени во оваа насока, нагласувајќи дека останува уште многу да се преземе, со цел да зборуваме за едно квалитетно интегрирано образование.

Во своето излагање, г-ѓа Сулејмани зборуваше за соработката меѓу МОН и граѓанскиот сектор, а ги сподели и придобивките во насока на подобра меѓуетничка кохезија кои произлегоа од ова партнерство.

Од друга страна пак, г. Бојаровски се фокусираше на начинот на кој Проектот соработуваше со новинарите и медиумите, испраќајќи апел за поддршка на позитивните практики и активностите за меѓуетничка интеграција кои се одржуваат во основните и средните училишта низ Македонија.

DSC04792

За време на отворената дискусија, уредниците и новинарите од медиумски куќи, пишани медиуми, портали, локални медиуми и универзитетските професори и експерти поттикнаа активен и продуктивен дијалог за улогата на медиумите во насока на промовирање на меѓуетничката кохезија.

DSC04831

Некои од главните заклучоци беа дека со цел процесот на меѓуетничка интеграција да биде успешен, потребно е да се работи заеднички, при што се подразбира вклученост на институциите, граѓанскиот сектор и медиумите. Дополнително, образование потребно е да се примени интередисциплинарен пристап, кој ги вклучува културата, образованието и медиумите.

Дополнително, се потенцираше важноста на начинот на кој медиумите ги пренесуваат позитивните практики кои се спроведуваат во училиштата, нагласувајќи дека потребен е континуитет во известувањето за овие теми и отворање значајни прашања кои што заслужуваат поширока разработка низ медиумските содржини.

Се потенцираше и несомненото влијание на социјалните медиуми кај, а и се препорача граѓаните да се мотивираат и поттикнуваат поотворено да реагираат на матриците на стереотипно и селективно известување од страна на медиумите, како и известувањето во погрешен контекст.