Sunday, May 16, 2021

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

При крајот на декември се одржаа два свечени настани на сечење лента во основните училишта „Св. Кирил и Методиј“, с. Бучин, Крушево и „Браќа Миладиновци“, с. Дедебалци, Могила  со кои се одбележија реновирањата на две од петнаесетте училишта коишто беа реновирани оваа година преку Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО).

dsc03438

Во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ беа поставени нови прозорци, додека пак во училиштето „Браќа Миладиновци“, се изврши целосна внатрешна реконструкција.

На овие настани, свои обраќања имаа директорите на училиштата, градоначалниците на општините, како и Потполковник Џефри Ван Сикл од Канцеларијата за воена соработка при Амбасадата на САД.

dsc03696

Во своето обраќање, Потполковник Џефри Ван Сикл од Канцеларијата за воена соработка при Амбасадата на САД истакна: „Насловите во весниците честопати се фокусираат на поделбите меѓу луѓето – поделби врз основа на етничката или верската припадност.  Надминувањето на овие тензии и премостувањето на разликите не е лесна задача за остварување каде и да било… Учениците и наставниците не можат тоа да го сторат сами. Ним им е потребна поддршката од нивните семејства, нивната заедница и нивните лидери. За надминување и санирање на поделбите се потребни здружени напори од сите.“

По обраќањата, основците ги презентираа заедничките активности со кои го продлабочуваат своето дружење, ја негуваат и развиваат меѓусебната почит и градат заедничка иднина.