Monday, October 23, 2017
Заврши Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Заврши Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Преку 1000 наставници, ученици, родители, претставници од образовните институции, граѓански организации, УСАИД и ЕУКОМ ги ...

Повеќе

Одржана конференција за споделување на добри практики за одржување на  училишните објекти

Одржана конференција за споделување на добри практики за одржување на училишните објекти

По организираните обуки за одржување на училиштата наменети за членовите на тимовите за реновирање на ...

Повеќе

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

При крајот на јануари, во Скопје се одржа тркалезна маса на тема: „Улогата и поддршката ...

Повеќе

Одржана обука за креативни корнери

Одржана обука за креативни корнери

При крајот на јануари во Скопје се одржа тридневна обука за креативни корнери на која ...

Повеќе

Модел училишта – Каде бевме и што се промени во меѓувреме

Модел училишта – Каде бевме и што се промени во меѓувреме

Во текот на неделата, во четири модел училишта: ОУ „Браќа Миладиновци“ и ОУ „Бајрам Шабани“ ...

Повеќе

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

При крајот на декември се одржаа два свечени настани на сечење лента во основните училишта ...

Повеќе

Одржана обука за креативни корнери

При крајот на јануари во Скопје се одржа тридневна обука за креативни корнери на која учествуваа 10 наставници од петте средни училишта од Македонија кои претходно беа обучени и спроведуваа креативни работилници и форум театар методологија.

Целта на обуката беше дополнително да се развијат вештините и стручноста на наставниците за тие понатаму да можат да го пренесат стекнатото знаење на учениците во рамки на своите училишта.

Преку комбинација од индивидуална и групна работа, процесот на учење преку искуства беше особено интересен за наставниците.

Во текот на февруари, наставниците кои ја проследија обуката ќе формираат креативни корнери и ќе го водат овој креативен и одржлив процес со средношколците во своите училишта. Во рамки на креативните корнери, поврзувајќи ги практиките од современата уметност со секојдневниот живот и образованието, како и запознавајќи ги културите на другите, учениците ќе имаат можност заеднички да создаваат креативни продукти.

Со цел да се поддржат и успешно да се спроведат активностите во рамки на креативните корнери, на крајот на обуката на наставниците свечено им се доделија компјутери.