Wednesday, August 23, 2017
Заврши Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Заврши Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Преку 1000 наставници, ученици, родители, претставници од образовните институции, граѓански организации, УСАИД и ЕУКОМ ги ...

Повеќе

Одржана конференција за споделување на добри практики за одржување на  училишните објекти

Одржана конференција за споделување на добри практики за одржување на училишните објекти

По организираните обуки за одржување на училиштата наменети за членовите на тимовите за реновирање на ...

Повеќе

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

При крајот на јануари, во Скопје се одржа тркалезна маса на тема: „Улогата и поддршката ...

Повеќе

Одржана обука за креативни корнери

Одржана обука за креативни корнери

При крајот на јануари во Скопје се одржа тридневна обука за креативни корнери на која ...

Повеќе

Модел училишта – Каде бевме и што се промени во меѓувреме

Модел училишта – Каде бевме и што се промени во меѓувреме

Во текот на неделата, во четири модел училишта: ОУ „Браќа Миладиновци“ и ОУ „Бајрам Шабани“ ...

Повеќе

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

При крајот на декември се одржаа два свечени настани на сечење лента во основните училишта ...

Повеќе

Заврши Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Преку 1000 наставници, ученици, родители, претставници од образовните институции, граѓански организации, УСАИД и ЕУКОМ ги прославија заедничките постигнувања на петгодишниот Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието на Завршниот настан кој се одржа на 15 март во Скопје.

Guzva

Hor

Постигнувањето и одржувањето на меѓуетничка интеграција во образованието е еден комплексен и долгорочен процес. Препознавајќи го ова, во текот на изминатите години Проектот успешно ги вклучи главните заинтересирани учесници во сите активности, кои спроведуваа мисија за поттикнување на креативност, за отварање на можности за нови знаења и учења, за отварање на нови хоризонти и погледи, за меѓусебно запознавање и разбирање, за почитување на различностите, и тоа се со една цел, создавање на нови заеднички вредности и градење на заедничка иднина.

DSC_0015

Едно од клучните достигнувања на проектот е тоа што сега сите основни и средни училишта во Македонија се вклучени во процесот. Најголем дел од општините, советите на родители и локалните заедници ги поддржуваа и ќе продолжат да ги поддржуваат активностите за интеграција на ниво на заедница. Со проектот се формирани околу 400 партнерства меѓу училиштата преку кои е воспоставена интеракција меѓу наставниците и учениците од училишта со различни наставни јазици. Над 5600 ученици учествуваа во етнички мешани креативни работилници, дебатни клубови и наставни и вон-наставни активности. Преку Канцеларијата за воена соработка (ODC), ЕУКОМ, до денес, реновирани се 63 училишта со што беше обезбедена модерна и безбедна средина за учење за над 46000 ученици.

Orkestar Ramka

Во своето обраќање, Раководителот на ПМИО Небојша Мојсоски изјави дека иако на почетокот на проектот, па дури и денес има луѓе кои се скептични за целта на проектот, сепак, овој проект е мошне успешен и благороден. „Но, ова што го направивме не е доволно. Проектот е успешен кога ќе прерасне во процес, а за процесот да успее имаме одговорност сите ние како индивидуи, а не само општините, училиштата, институциите“, додаде Мојсоски.

Nebo

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу пак, во своето обраќање ја потенцираше клучната улога на постигнатите реформи во образованието кои ги спроведуваше Министерството и изрази особено задоволство од партнерството со УСАИД и ЕУКОМ. „Ви посакувам понатамошни успеси и ве повикувам да продолжите да ги воспитувате нашите млади граѓани во духот на мултикултурализам и почитување на различностите“, изјави Лутфиу.

Minister

Директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија, Џејмс Стајн нагласи дека „Преку ваквите програми, учениците учат дека сите сме исти, како и дека почитувањето на етничките различности и меѓуетничката соработка е вистинскиот пат за Македонија да успее во иднината“. На крајот, и покрај тоа што проектот формално завршува, тој ги охрабри присутните да продолжат да вложуваат силни напори коишто ќе го надградуваат тоа што е до сега постигнато. „Бев сведок на многу од вашите активности во текот на изминативе неколку години и цврсто сум убеден дека сите вие ќе продолжите да работите да ги намалите бариерите кои постојат помеѓу луѓето и заедниците“, додаде Стајн.

Stein IMG_0854