Sunday, May 16, 2021

12-15.02 – х.Монтана Палас, Крушево – Зимски камп…

12-15.02 – х.Монтана Палас, Крушево – Зимски камп

Во периодот од 12-15 февруари ќе биде реализиран зимски камп. На кампот ќе учествуваат 39 ученици и 9 наставници од вкупно 3 повеќејазични (ОУ Врапчиште, Врапчиште, ОУ Рајко Жинзифов, Бутел и ОУ Браќа Миладиновци с.Добрушево, Могила) и 2 еднојазични основни училишта (ОУ Христијан Карпош, Куманово и ОУ 7 Марси, Липково). Учениците ќе имаат можност дa соработуваат во различни етнички мешани групи, преку реализацијата на креативни работилници, фотографски работилници, игри за тимска соработка и спортски и забавни активности. Активно учество на кампот ќе имаат и наставниците преку посебни работилници дизајнирани за нив.