Sunday, July 25, 2021

Градење на капацитети

Приод на целосен опфат на училиштето кој ќе овозможи континуиран развој на активностите за меѓуетничко интегрирање во средината, каде што клучните учесници во образованието активно ќе учествуваат и ќе организираат различни работилници за професионален развој, активности за учење организирани на ниво на училиште и последователна менторска програма, ќе претставуваат јадро преку кое ќе се постигнат целите на Компонентата 2.

Наставниците, раководствата на училиштата, членовите на училишниот одбор, родителите и одговорните за образование на општините ќе се стекнат со вештини што се потребни за успешно интегрирање во нивните училишта. Ова ќе го постигнеме преку:

  • Оспособување на претставници од клучните образовни институции за координација на сите засегнати страни да работат заедно со цел да се постигне заедничката цел – одржлива меѓуетничка интеграција во образованието;
  • Развивање на модули и спроведување на квалитетни обуки во повеќе фази за учесниците во образованието;
  • Воспоставување на систем за следење и менторство меѓу корисниците со цел да се одржат постигнувањата и по завршувањето на Проектот;
  • Зајакнување на капацитетите на општинските власти за креирање на ресурси, ефективна координација и евалуација на напорите на општината и училиштето за имплементирање на интегрираното образование;
  • Градење на капацитетите на училишното раководство кое треба да го предводи процесот на креирање и одржување на интегрираното образование, како и да гради однос на меѓусебна поддршка со училишната заедница;
  • Вклучување на училишните одбори во процесот на планирање, носење одлуки и менаџирање на напорите за интегрирање на образованието и зајакнување на соработката со локалните заедници;
  • Вклучување на родителите во училишни активности со цел да се подобри меѓуетничката комуникација и да се надминат етничките и социјалните разлики;
  • Подобрување на капацитетот на наставниците за поефективно користење на приодите за меѓуетничка интеграција во нивните училници и во целото училиште;
  • Подобрување на активната комуникација и соработка помеѓу учениците од различна етничка припадност.