Monday, October 23, 2017
Заврши Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Заврши Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Преку 1000 наставници, ученици, родители, претставници од образовните институции, граѓански организации, УСАИД и ЕУКОМ ги ...

Повеќе

Одржана конференција за споделување на добри практики за одржување на  училишните објекти

Одржана конференција за споделување на добри практики за одржување на училишните објекти

По организираните обуки за одржување на училиштата наменети за членовите на тимовите за реновирање на ...

Повеќе

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

При крајот на јануари, во Скопје се одржа тркалезна маса на тема: „Улогата и поддршката ...

Повеќе

Одржана обука за креативни корнери

Одржана обука за креативни корнери

При крајот на јануари во Скопје се одржа тридневна обука за креативни корнери на која ...

Повеќе

Модел училишта – Каде бевме и што се промени во меѓувреме

Модел училишта – Каде бевме и што се промени во меѓувреме

Во текот на неделата, во четири модел училишта: ОУ „Браќа Миладиновци“ и ОУ „Бајрам Шабани“ ...

Повеќе

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

При крајот на декември се одржаа два свечени настани на сечење лента во основните училишта ...

Повеќе

Цитати за интеграција

„Родителите, што требаше да дојдат со нас во Врапчиште, беа загрижени пред посетата. Рекоа кај ли ќе одиме со децата таму. Но откако се вративме беа воодушевени од приемот таму. Рекоа дека сакаат сите екскурзии отсега да ги правиме во Врапчиште“, наставничка од ОУ Кирил и Методиј, с. Ораовица, Радовиш.

„Ни претставува задоволство да бидеме гости во Охрид, тука во Велгошти. Оваа иницијатива е за поздравување и ја поддржуваме, бидејќи сме една земја, една држава. Општина Теарце е како што би се рекло Македонија во мало, бидејќи во Теарце живеат Албанци, Македонци, Турци и Роми, толеранција постои и ќе продолжиме да соработуваме и овде и таму за подобра иднина, за новите генерации да инвестираме во тој правец за децата, за учениците.“- Исен Асани, градоначалник на општина Теарце.

Ваквите соработки се секогаш во насока на подобра и поубава комуникација. И општина Охрид и општина Теарце се општини кои можат да понудат многу и во делот на туризмот, во делот на образовната соработка. Јавно ги повикувам сите оние кои се заинтересиран, оваа соработка да ја прошириме на соработка и со другите училишта. Нека оваа средба биде повик и поттик за сите училишта, сите менаџери и од двете општини и за сите заинтересирани општини од цела Македонија , кои имаат желба, можност, верба дека ова што правиме е прекрасно, да го направиме заеднички“, Ангел Јанев, заменик-градоначалник на општина Охрид.

Пријателството не познава граници“ , Горан Арсовски , наставник по информатика од Кочо Рацин, Куманово.„Многу ни беше возбудливо. Не само што учениците никогаш не запознале Албанец, туку и јас во животот немам запознаено Албанец. Прекрасно поминавме”, наставник од Св. Климент Охридски, Македонски Брод.

,,Кога ни кажаа наставниците каде ќе одиме, најпрво се двоумев, бидејќи сепак станува збор за христијански објекти, а досега немавме влегувано во такви. Но, по заедничката посетата на овие прекрасни места, посакувам повторно да дојдам“ – ученичката Ниѓар.

„Изборот на нашето училиште, како едно од 13-те училишта, за нас претставува стимул за понатамошно спроведување на активности за меѓуетничка интеграција во образованието. Воедно, овој проект ќе ни овозможи да го  реализираме нашиот долгогодишен сон – изградба на концертна сала. Исто така, проектот ја поттикна локалната самоуправа и целата заедница да учествуваат во реализација на нашиот сон“ – Златко Стојанов, директор на музичкото училиште „Лазо Мицев – Рале“ од Кавадарци.

„Покрај тоа што обуката е соодветна и корисна за реализација на реновирањата во училиштето, има и други придобивки. Како на пример, подигање на свеста на општините и локалното население за поголемо и поактивно учество во одржувањето на училишната зграда, со што ќе се подобрат условите во училиштето и ќе се подобри и самиот наставен процес“ – претставник на училишен одбор.

„Нема некоја поделба меѓу нас и така еден нормален ден го поминуваме заедно – поголем дел од денот сме заедно, ручаме заедно, машките повеќе играат фудбал, и кога се сретнуваме на улица сè заедно сме.“ [ученичка, повеќејазично ОУ, АЛБ, ф.2]

„ И ние исто така имавме заеднички активности- презентација на историјата, при што Македонците презентираа за нашата историја, а ние за историјата на Македонците…за Скендербег, за Јане Сандански и други.“ [ученичка, повеќејазично ОУ, АЛБ, ф.2]

„Уште за време на првата средба децата веднаш се зближија. Ова е нивна втора средба, сега другарувањето продолжува во нашето училиште“ –директорка на училиште.

„Ова катче е на почеток на изработка, планираме да го збогатиме со уште продукти кои ќе бидат подготвени од учениците од две училишта. Училиштата веќе имаат и своја химна – Пријателството не познава граници“ –наставник.