Sunday, December 4, 2016
World AIDS Day!

World AIDS Day!

Started in 1988, World AIDS Day is about increasing awareness, fighting prejudice and improving education. ...

Повеќе

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

ЗАТВОРЕН! Средношколски конкурс за мултимедијални продукти „Мулти-виа-медиа: Како го градиме соживотот во училиштата“

Проектот на УСАИД  за меѓуетничка интеграција во образованието  и Македонскиот институт за медиуми распишуваат средношколски конкурс за мултимедијални продукти на тема: „Мулти-виа-медиа: Како го градиме соживотот во училиштата“

Целта на конкурсот е да се поттикнат учениците и наставниците од средните училишта да продуцираат мултимедијални продукти со кои ќе ги претстават училишните активности посветени на меѓуетничка интеграција во образованието, со цел зајакнување на соработката меѓу различните етнички заедници и негување на културните различности.

Критериуми за учество и избор

Право на учество на конкурсот имаат сите државни средни училишта од Република Македонија, кои може да аплицираат со:

  • Видео приказна
  • Фото-сторија
  • Мултимедијална сторија (комбинација од текст, видео, аудио, фотографија)

Не постои ограничување на бројот на мултимедијални продукти со кои едно училиште може да аплицира, но, истите треба да опфатат различни теми и активности во контекст на меѓуетничката интеграција во образованието.

Најважни критериуми за оценување на најдобрите мултимедијални продукти се:

  • Квалитет на изработката на мултимедијалниот продукт;
  • Ангажман на самите ученици и наставници во нејзината подготовка;
  • Критериуми за успешна реализација на заеднички активности за меѓуетничка интеграција во образованието, кои се достапни на следниот линк: http://mk.pmio.mk/gradenje-na-kapaciteti-materijali/алатки-за-успешно-спроведување-на-зае/
  • Изборот на најдобрите мултимедијални продукти ќе го направи стручна жири комисија составена од претставници на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО), професионални фотографи, новинари и продуценти.

Награден фонд

За трите најдобропласирани училишта, ќе се доделат следните награди:

  • Прва Награда – Камера ГоПро 3 и лап-топ
  • Втора награда – Камера ГоПро 3
  • Трета награда  – Дигитален фотоапарат

Останатите училишта со истакнати мултимедијални продукти ќе добијат пофалници и ќе учествуваат на свечениот настан – изложба, кој ќе се организира на крајот од конкурсот.

Како и до кога да аплицирате?

Мултимедијалните продукти, заедно со формуларот за аплицирање треба да се испратат исклучиво по електронски пат на адреса: konkursipmio@gmail.com ,  со назнака „Апликација за конкурсот Мулти-виа-медиа: Како го градиме соживотот во училиштата“ најдоцна до 27 февруари 2015 година.

  • Видео приказните може да бидат снимени и монтирани со кој било дигитален уред и легален софтвер, којшто им е на располагање на учениците и наставниците. Финалните видеа треба да се прикачат на YouTube , а потоа линкот да се копира во формуларот за пријавување;
  • Фото – сториите треба да се подготват во Power Point презентација, со тоа што на секој слајд треба да биде прикачена по една фотографија и легенда за истата. Финалната фото – сторија се испраќа заедно со пополнетиот формулар за пријавување;
  • Мултимедијалните стории треба да се подготват во Word документ, кој покрај текст треба да содржи фотографии и линкови од видео или аудио парчињата, кои претходно се прикачени на YouTube или Soundcloud. Финалната мултимедијална сторија се испраќа заедно со пополнетиот формулар за пријавување.

Формуларот за аплицирање на конкурсот може да го подигнете на следниот линк: http://mk.pmio.mk/category/call-for-applications/

Сите информации за конкурсот се достапни на веб-страницата од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието: www.pmio.mk

За дополнителни информации контактирајте со:

– Ерлин Агич, од ПМИО/МЦГО преку е-пошта: Eagich@mcgo.org.mk, 070 225 284

-Славчо Миленковски од Македонскиот институт за медиуми, преку е-пошта: slavco@mim.org.mk  , и на телефон: 02/ 30 90 144