Sunday, December 4, 2016
World AIDS Day!

World AIDS Day!

Started in 1988, World AIDS Day is about increasing awareness, fighting prejudice and improving education. ...

Повеќе

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

Одржувањето на училиштата ja подобрува средината за учење

1Одржувањето на училиштата беше тема на еднодневната обука која се одржа кон крајот на ноември 2014 година, во организација на компонентата на ПМИО за стимул на училиштата и локалните заедници. Учесници на оваа обука беа секретарите и техничкиот персонал од 13-те училишта кои беа реновирани во 2014 година со помош на проектот. . Ова беше исклучителна можност за 46-те претставници од  овие училишта да ги споделат нивните знаења и проблеми во однос на одржувањето на училиштата. Тимот на ПМИО и инженери – практичари ги презентираа состојбите во училиштата поврзани со  нивното одржување, вообичаените проблеми кои се јавуваат при одржувањето на училиштата, како и можните решенија за нив.

Во текот на обуката се разви широка дискусија меѓу учесниците и обучувачите,  како од технички аспект, така и од аспект на одржливост на презентираните активности, обврски и процедури за одржување на училиштата на долг рок.

Одржувањето на училиштата е тема која е запоставена во образовната дебата, а која директно влијае на условите во кои престојуваат и работат учениците и вработените.  Доброто одржување и примената на енергетски ефикасни материјали на долг рок може да овозможи финансиски заштеди, кои потоа може да се користат за обновување на опремата и нагледните средства, и со тоа  директно да се  влијае на подобрување на образовниот процес.

3На обуката, претставник од средното училиште Ванчо Прке од Виница ги сподели искуствата од примената на научените лекции од обуката која се одржа минатата година како и добрите практики и процедури за одржување на училиштата, кои се веќе секојдневие во нивното училиште. „Листите за следење на активностите за одржување на училиштата,  кои ги користи техничкиот персонал во секојдневното работење  ги воспоставивме со цел да ги подобриме процедурите за одржување на училиштето. Вработените во училиштето се навикнаа дека треба да проверуваат дали е сѐ во ред и да ги пријавуваат проблемите. Можеби во првиот момент ви изгледа  сето ова непотребно, сложено и дека ќе ви одзема многу време, но верувајте кога ќе почнете да ги применувате листите и процедурите ќе видите дека целата ваша работа станува поорганизирана, повидлива и поефективна. Не се плашите од новите работи, туку прифатете ги,  применувајте ги, а резултатите ќе бидат видливи за многу краток рок.“  истакна Радмила Манчевска, претставник на стручните служби во СОУ Ванчо Прке од Виница, обраќајќи се на присутните на обуката.

За време на обуката беа отворени многу прашања . Добар дел од прашањата и дилемите беа одговорени и разјаснети, но многу работи останаа да се дискутираат за време на посетите за следење на работата на училиштата заедно со техничкиот персонал, кој е најважната алка потребна за соодветно одржување и функционирање на училиштето. Од  подобрувањата при одржување на училиштата корист ќе имаат 7.233 ученици и 866 вработени во 13-те училишта кои беа реновирани во третата година од спроведувањето на Проектот.