Sunday, October 17, 2021

27.02 – Куманово – Отворен ден – Промотивен настан на проектни активности при ПМИО…

27.02 – Куманово – Отворен ден – Промотивен настан на проектни активности при ПМИО

Од 11:00 до 13:00 во ОУ „Бајрам Шабани“ од Куманово ќе се одржи Отворен ден организиран заедно помеѓу партнер модел училиштата „Бајрам Шабани“ и „Браќа Миладиновци“ од Куманово, и е наменет за пошироката публика на локално и национално ниво, и тоа: родители, наставници, директори од други училишта, ученици од основни училишта, претставници од општината и клучните образовни институции (МОН, БРО, ДПИ). На отворениот ден, преку интерактивен пристап, со учество и на публиката, својата работа ќе ја претстават: четири групи за мултикултурни работилници; една група за излети; две секции; една група за демократска партиципација и една група за професионална соработка меѓу наставници. На Отворениот ден, околу 80 ученици и 20 наставници се очекува да бидат вклучени во претставувањето на активностите. Сите сте добредојдени да ја проследите програмата на Отворениот ден!