Sunday, June 20, 2021

26.02 – Гостивар и Скопје – Средба за поддршка со членовите на СИТ-от и наставници, реализатори на активности…

26.02 – Гостивар и Скопје – Средба за поддршка со членовите на СИТ-от и наставници, реализатори на активности

Од 11:00 до 14:30 часот во СТУ „Гостивар“ од Гостивар и од 10:30 до 14:00 часот во СОУ „Здравко Цветковски“ од Скопје, ќе се одржат средби за поддршка кои се реализираат тимот на ПМИО составен од претставници на Центарот за човекови права и разрешување конфликти, советници од БРО и претставници од партнер организациите Лоја и Сумнал. При средбата за поддршка ќе се реализираат разговори со претставници на СИТ-от и наставници реализатори на активности за постигнатото во текот на месецот и планирани активности попратено со повратна информација од страна на тимот. Исто така, за време на средбата ќе има и мониторинг на некои од активностите. И во двете училишта, на средбата ќе учествуваат околу 30 наставници и претставници на СИТ-овите.