Wednesday, July 28, 2021

18.03 – Скопје – Работна средба за родители, Училишни одбори, претставници на општините и училишни управи од основните модел училишта…

18.03 – Скопје – Работна средба за родители, училишни одбори, претставници на општините и училишни управи од основните модел училишта за подигање на свесноста за потребата од меѓуетничка интеграција

Од 10:00 до 16:00 часот во Центарот за човекови права и разрешување конфликти во Скопје, ќе се одржи работна средба наменета за основните модел училишта и тоа за: претставници од советите на родители, Училишните одбори, претставници на општините и управите на училиштата – околу 30 учесници вкупно, како и претставници од БРО и партнер организациите. На работната средба ќе се разгледаат клучни прашања што се однесуваат на просторно-временската организација на наставата, учењето на јазикот на соседите како и креирање училишна клима што промовира меѓуетничка интеграција.