Tuesday, August 3, 2021

17.03 – Скопје – Работна средба за родители, Училишни одбори, претставници на општините и…

17.03 – Скопје – Работна средба за родители, Училишни одбори, претставници на општините и училишни управи за подигање на свесноста за потребата од меѓуетничка интеграција

Од 10:30 часот до 15:00, во СУ „Здравко Цветковски“ од Скопје, ќе се одржи работна средба која е наменета за средните модел училишта и тоа за: претставници од советите на родители, Училишните одбори, претставници на општините и управите на училиштата – околу 20 учесници вкупно, како и претставници од БРО и партнер организациите. На работната средба ќе се разгледаат клучни прашања што се однесуваат на просторно-временската организација на наставата како и креирање училишна клима што промовира меѓуетничка интеграција.