Saturday, June 12, 2021

Состанок за демократска партиципација на учениците во ОУ „Браќа Миладиновци“, Куманово

Како дел од ПМИО активностите на компонентата за модел училишта  денес, на 19 август, беше одржан регионален состанок со претставници на тимовите за училишна интеграција кои се вклучени во втората фаза на имплементација на проектот од партнерските училишта Браќа Миладиновци и Бајрам Шабани од Куманово.

Беа дискутирани активности на ниво на одделенска и училишна заедница како што се: како да се одбере претседателство на училишна заедница и совет со цел да се има застапеност на сите етнички групи подеднакво, развивање на писмена комуникација кај учениците преку формулари за посмено обраќање, поставување и огласување на огласни табли во холовите, поставување сандаче за пофалби и поплаки каде учениците ќе го искажуваат своето мислење анонимно како и самоиницијативно спроведување на анкети.

На состанокот претставниците од училиштата имаа можност да слушнат за позитивните искуства од истиот процес кој беше спроведен во модел училиштето СЕОУ Гостивар од Гостивар. Ова овозможува  да се воспостави соработка и да се споделуваат искуствата и добрите практики меѓу модел училиштата.

Училиштата Браќа Миладиновци и Бајрам Шабани се подготвени и во исчекување за започнување на активностите како модел училишта за меѓуетничка интеграција во образованието.