Monday, December 6, 2021

Промоција на активностите во модел училишта

Во текот на последната недела од јануари, шесте модел училишта ги промовираа тековните активности во три одделни настани. На секој настан учествуваа по две училишта. Првиот настан беше одржан на 27 јануари во Кичево и беше организиран од страна на „Санде Штерјоски“ од Кичево и „Братство Единство“ од Охрид. Вториот настан беше одржан на 29 јануари во Куманово каде што беа вклучени основните училишта „Бајрам Шабани“ и „Браќа Миладиновци“ од Куманово, додека третиот беше одржан на 30 јануари во Скопје од страна на основните училишта „Здравко Цветковски“ и економското училиште „Гостивар“ од Гостивар. Модел училиштата ги презентираа нивните постигнувања и тековни активности за меѓуетничка интеграција. Членови на СИТ-от и учениците учествуваа на презентацијата, додека настанот го следеа наставници од училиштето, директори на останати училишта, ученици, родители, советници од БРО, претставници на невладини организации, претставници од општините и локални медиуми.