Saturday, September 25, 2021

Активности plot, затоа integration çok

DSC09481На 14 февруари, 2015, на патрониот празник на модел училиштето ОУ „Санде Штерјоски“ од Кичево, се одржа и Отворен ден за прикажување на резултатите и продуктите добиени од активностите, коишто се спроведуваа со поддршка на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Настанот беше одлична прилика за родителите, директорите на други училишта од Кичево, како и претставниците од општината да се запознаат и да учествуваат во активностите на ПМИО.

На почетокот на настанот – неколку интегрирани точки, меѓу кои најголем аплауз добија учениците кои одлично рецитираа творби на јазикот на нивните соученици. Беа претставени и четири мултикултурни работилници, една билингвална работилница за првачињата, презентации на интегрирани излети, демократска партиципација и професионална соработка меѓу наставниците. Сплотеноста на учениците и на сите вработени можеше да се почувствува од самиот влез во училиштето.“Многу ми е драго што децата се запознаени меѓусебно, и влијанието на овие активности не е само моменталната дружба на децата – туку запознавањето со другите култури, почитувањето на сите подеднакво, и континуираното дружење“, вели Даниела Гроздановска, родител и наставник во училиштето.

DSC09515На крајот, сите присутни се упатија кон игралиштето за да ги проследат игрите без граници. Возрасните не им одолеаја на забавата и позитивната енергија на децата, па набргу и самите се вклучија во игрите. „Една од многуте придобивки од овој проект е тоа што ученици од различни наставни јазици веќе користат зборови од јазикот на другиот кога комуницираат меѓусебно“ рече Елвин Кансу, координатор на тимот за училишна интеграција во ОУ „Санде Штерјоски“.