Wednesday, July 28, 2021

Kариерен развој во мултиетничка средина

Со цел да се стимулира и поттикне кариерниот развој во мултикултурна средина, ученици од различни групи и наставници од средното економско училиште “8 Септември” на 5 Февруари 2013 беа во посета на компанијата “Везе Шари” во Тетово.

Оваа активност е дел од УСАИД Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието во соработка со партнер организацијата Моја Кариера.

Учениците имаа за цел да научат како се развива кариера и мотивираност во мултикултурна средина по интервјуто со двајца вработени во формата и разговор на тема разновидност и вклученост во мултикултурна средина. Тие исто така имаа можност да научат нешто повеќе за компанијата, процесот на производство и стандардите за квалитет.

Овие информации ќе им дадат поддршка на учениците во наредниот период за да развијат студија на случај и да изготват кратко видео кое што ќе биде презентирано на останатите ученици во училиштето.