Sunday, June 20, 2021

7.10 – Куманово – Свечен настан на сечење лента во модел училишта ОУ „Бајрам Шабани“ и ОУ „Браќа Миладинвоци“…

7.10 – Куманово – Свечен настан на сечење лента во модел училишта ОУ „Бајрам Шабани“ и ОУ „Браќа Миладинвоци“

Од 10:00 часот во ОУ „Бајрам Шабани“ и од 11:00 часот во ОУ „Браќа Миладинвоци“, и двете училишта од Куманово, ќе се одржи свечен настан на сечење лента со што ќе се одбележи завршувањето на процесот на реновирање во овие училишта. На настанот, присуство ќе има Потполковник Џенифер Форд, Воздухопловното Аташе при Амбасадата на САД во Скопје, г. Зоран Дамјановски, градоначалник на општина Куманово, директорите на двете основни модел училишта г-ѓа Марина Манојловска и г. Гзим Рушити, како и претставници на ЕУКОМ, општина Куманово, УСАИД, ПМИО, родители и ученици.