Saturday, September 23, 2017
Заврши Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Заврши Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Преку 1000 наставници, ученици, родители, претставници од образовните институции, граѓански организации, УСАИД и ЕУКОМ ги ...

Повеќе

Одржана конференција за споделување на добри практики за одржување на  училишните објекти

Одржана конференција за споделување на добри практики за одржување на училишните објекти

По организираните обуки за одржување на училиштата наменети за членовите на тимовите за реновирање на ...

Повеќе

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

При крајот на јануари, во Скопје се одржа тркалезна маса на тема: „Улогата и поддршката ...

Повеќе

Одржана обука за креативни корнери

Одржана обука за креативни корнери

При крајот на јануари во Скопје се одржа тридневна обука за креативни корнери на која ...

Повеќе

Модел училишта – Каде бевме и што се промени во меѓувреме

Модел училишта – Каде бевме и што се промени во меѓувреме

Во текот на неделата, во четири модел училишта: ОУ „Браќа Миладиновци“ и ОУ „Бајрам Шабани“ ...

Повеќе

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

При крајот на декември се одржаа два свечени настани на сечење лента во основните училишта ...

Повеќе

Гласот на младите преку јавна дебата во Куманово

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието спроведен од страна на Македонскиот центар за граѓанско образование ја организира јавната дебата на теза „Етничките поделени објекти (не) ја попречуваат интеграцијата“. Јавниот настан е дел од циклусот дебати кои се наречени „Дебати за интеграција во училиштата“. Дебатните клубови како дел од проектот ќе организираат 8 јавни дебати во општините: Штип, Кичево, Кратово, Куманово, Струга, Чаир, Центар и Велес.

Јавната дебата се одржа во Зградата за Општествени дејности – Комитет Куманово“ каде присуствуваа професори,ученици и граѓани.

Во Куманово дебатерите поделени во афирмативен и негациски тим беа ставени во позиција да размислуваат за улогата на училиштата како катчиња за соживот и колку тие не учат да ја негуваме интеграцијата во нашата заедница. Со аргументите се прави анализа која и на краток но и на долг рок ќе ни овозможи да ја видиме состојбата во која се наоѓаме но и ќе се создаде простор каде што ќе може да се дискутира за можни решенија. Клучно е тоа што токму дебатите за интеграција во училишта ја подигнуваат свеста за потребата од дускусија на ваква тема но и директно влијаат на подобрување на комуникацијата меѓу младите од различни етнички заедница.

„Гледаме дека учениците се оптоварени со стереотипи, предрасуди, за кои постои голема веројатно дека се подржани од возрасните, родителите и професорите. Токму етничката самосвест е причината за целокупната поделеност и во училишта и на сите други полиња. Тука постои недостаток на самокритичност кај секој од нас, отсуство на свесност и кај учениците и кај професорите, отсуство на обуки за препознавање на овие стереотипи и предрасуди и др. Мислам дека недостатокот на физичкиот простор за да учат во исто училиште е помаргинален проблем отколку постоењето на таа етничка свест, односно самосвест во одност на другата етничка заедница. Токму затоа сметам дека овие дебати се добра основа да се започнат барем дел од овие процеси“ – сподели професорката Светлана Илиевска Алексовска.

„Се додека нема еднаквост во придобивките на системот, без разлика од кои причини, трпат самите граѓани. Мој став е дека во услови на економска сигурност, вакви проблеми и конфликти не се јавуваат. Јас лично сметам дека економскиот развој е излез од оваа ситуација во која се наоѓаме. Економијата нуди можност за вработување, соработка, синергија, а во крајна линија трајно поврзување на етникумите“ – изјави професорот Фатри Салиу.

Членовите на Дебатниот клуб веќе неколку месеци учествуваат на дебатни турнири, имаат редовни неделни предавања за дебата каде што стекнуваат ораторски вештини, ги зголемуваат своите аналитички способности и се дружат со своите врсници, припадници на различни етнички заедници и култури.

Оваа активност е реализирана во соработка со организацијата Младински образовен форум која цели кон подобрување на културата на дијалог, зајакнување на нивото на аргументираното говорење, поттикнување на општествена дискусија на релевантни теми и интеграција во општеството.