Saturday, October 16, 2021

Од 19 до 21.08 – Охрид – Обука за тренери за форум театар методологија…

Од 19 до 21.08 – Охрид – Обука за тренери за форум театар методологија

Од 19 до 21 август, во Охрид, ќе се одржи третата обука за форум театар методологија со наставници од шест училишта вклучени во креативните работилници. Наставниците ќе бидат обучени за техниките за организирање и одржување форум театар во нивните училишта, како и во други училишта. Форум театарот е алатка користена за поттикнување на учениците да се вклучат во решавање на дадена ситуација преку дебата и глума.