Tuesday, December 6, 2016
World AIDS Day!

World AIDS Day!

Started in 1988, World AIDS Day is about increasing awareness, fighting prejudice and improving education. ...

Повеќе

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

Форум театри – одлична алатка за разбирање на луѓето и изнаоѓање заеднички решенија

DSC02075Доколку сакате да ги разберете луѓето кои се поинакви од вас, доколку сакате да ја разберете различноста или комплексноста на одредена ситуација, обидете се да се ставите во кожата на другите. Форум театрите, преку играње улоги и учество на публиката во ситуации ставени на сцена, се одлична алатка за разбирање на разновидноста и за изнаоѓање заеднички решенија за дури и најсложените ситуации. На 22 април, преку дебата на еден форум театар, наставниците и другите вработени од основните и средните училишта  од Македонија се собраа во Скопје за да ја изразат својата сензибилност кон решавањето на ситуации каде што меѓуетничката интеграција е доведена во прашање.  Вклучени беа четворица професионални актери. Меѓу нив, еден беше „опресор “, чија улога беше тврдоглаво да се спротивстваува и да го одрекува  предлогот за партнерски активности со друго училиште со друг наставен јазик.   Откако „опресорот“ демонстративно ја напушти сцената, негирајќи ги напорите на актерите, учесниците од публиката беа поканети да предложат решение и преку игра на улоги да ја претстават дадената ситуација.

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието  (ПМИО) употребува различни методи и технички кога ги спроведува своите активности во училиштата и со одговорните за образование насекаде низ земјата. Признавајќи ја чувстивтелноста на тема меѓуетничка интеграција, ПМИО во партнерство со Мултимедија – Центар за изведувачки уметности  ја искористи техниката форум- театар за да ги охрабри учесниците да ја разработат оваа тема на креативен и отворен начин. Техниката форум театар посебно им овозможува на учесниците да дојдат до решение за одредена предизвикувачка ситуација во контекст на меѓуетничката интеграција, и сето тоа преку театарска изведба.

Вкупниот исход од овој форум театар беше извонреден. Сите учесници беа нетрпеливи да интервенираат дали преку споделување на своите предлози за тоа како ситуацијата може позитивно да се реши, дали преку тоа што уверено ќе стапнат на сцената и ќе глумат за да го убедат „опресорот“ да го прифати решението кое го смислиле. Ентузијазмот на учесниците пропратен со забава и смеа вроди со резултат и видлив напредок во однесувањето на улогата на „опресорот“. Форум театрите ќе бидат континуирано организирани во текот на годината со оглед на тоа што се докажаа како многу плодотворен, а истовремено и забавен концепт за дискусија и изнаоѓање добри решенија за зацврстување на меѓуетничката интеграција во образованието.