Saturday, December 3, 2016
World AIDS Day!

World AIDS Day!

Started in 1988, World AIDS Day is about increasing awareness, fighting prejudice and improving education. ...

Повеќе

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

Студентите дебатираат – дали формалното образование треба да биде главниот столб на меѓуетничката интеграција?

DSC02132Дали формалното образование треба да биде главниот носител на меѓуетничка интеграција, или не? Ова беше темата на јавната дебата која се одржи на 6ти мај, 2014 помеѓу учениците од средните училишта „Цветан Димов“ и „Јосип Броз-Тито“. Дебатата е дел од циклусот дебати наречени „Дебати за интеграција во училиштата“, кои се спроведуваат од страна на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието во партнерство со Младински образовен форум, со цел да им обезбеди на учениците платформа во која ќе можат да си ги искажат своите гледишта додека критички ги бранат своите ставови на теми поврзани со меѓуетничка интеграција во образованието.

Дебатата доведе до продуктивна размена на ставови помеѓу дебатните екипи, меѓу кои едната го бранеше ставот дека формалното образование треба да биде главниот столб на меѓуетничката интеграција додека другата екипа се спротивставуваше. Публиката, исто така, се вклучи во дебатата за споделување на различни мислења. Ученичката Елена Ацевска од афирмативната екипа нагласи: “Најголем дел од своето слободно време го поминуваме во училиште и затоа е многу битно таму да ја негуваме интеграцијата, училиштето да организира различни настани со фокус на соработка, соживот и почит. Заеднички активности создаваат пријателства”, додека Руждије Куртиши од спротивниот тим тврдеше дека “Општината како институција треба да организира заеднички активности, каде не само младите туку сите граѓани ќе може да се здружат и да се дружат. Таму ќе ги споделуваат нивните желби за соработка и заеднички ќе придонесат за подобрување на заедницата.”

Дебатите се корисна алатка за комуникација кои им овозможуваат на учениците да научат како да размислуваат и да се изразуваат околу одредени теми. На тој начин, покрај тоа што тие ја совладуваат уметноста на јавно говорење, тие исто така учат како да ги споделуваат и како да си ги поддржуваат своите ставови. Оваа дебата, која беше одржана во објектот на општина Чаир, беше емитувата во живо на веб страницата на Младинскиот образовен форум, која им овозможува на сите млади луѓе и поширока публика низ државата да ги проследат говорните вештини на младите дебатери, и да добијат сознание за тоа како младите размислуваат за меѓуетничката интеграција во образованието.

Последната дебата од овој циклус ќе се одржи на 14ти мај во општина Струга каде ученици од училиштата на овој град ќе ги соочат своите ставови на истата тема.