Saturday, December 3, 2016
World AIDS Day!

World AIDS Day!

Started in 1988, World AIDS Day is about increasing awareness, fighting prejudice and improving education. ...

Повеќе

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

Средношколците од „Орде Чопела“ од Прилеп демонстрираа дека „Сите сме едно“

На 15 октомври 2014, во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп се одигра претставата „Сите сме едно“, која е резултат од креативните работилници на кои учествуваа средношколците од СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп. Оваа група на ученици, полни со позитивна енергија, ја демонстрираше моќта на соживотот и толеранцијата, преку креативност, дружење и многу смеа. Шармантните и талентирани средношколци блеснаа под  рефлекторите на театарот како професионални актери и танчари, и докажаа дека претставата е поубава и помоќна кога во неа глумат млади од различни етнички припадности.

DSC05531Претставата беше составена од неколку сцени. Започна со модерна ритмичка точка подготвена од самите ученици, а продолжи со драмска сцена на тема љубов и забранета љубов помеѓу двајца млади луѓе. Драмската сцена разбуди насмевки и смеа кај публиката, но и солзи кај некои. Приказната, преку хумор и драма, ја прикажа суровата вистина за мешаните парови во Македонија. По љубовната приказна, следуваше креативна изведба на приказната на Силјан штркот,  а претставата заврши со изведба на песна на Тоше Проески, при што  сите ученици-актери излегоа заедно на бината и танцуваа танго.

Групата ученици, кои ја подготвија и ја изведоа претставата пред бројната публика во театарот, беше од мешан етнички состав – Власи, Македонци, Албанци, Роми и Турци. Тие со месеци работеа и се дружеа рамо до рамо, и успеаја да создадат успешен уметнички продукт кој ги плени срцата на сите. Креативните работилници се еден од клучните сегменти на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образование, кои се спроведуваат во партнерство со Центарот за изведувачки уметности Мултимедија.

По претставата, учениците од публиката и самите млади актери присуствуваа на Форум – театар работилница раководена и модерирана од славните актери Кети и Горан Илиќ, кои исто така беа ментори на креативните работилници. Сцената и „дилемата“ на оваа форум театар дебата, во чиешто конструирање учествува и самата публиката,   беше дали училишниот бенд треба да ја земе Ромката која одлично свири на кларинет. „Опресорот“ (улога во хипотетичката сцена), инаку еден од челеновите на групата, отворено се противеше на вклучувањето на Ромката во бендот, додека останатите на сцената и од публиката се трудеа да најдат начини да го разубедат. Учениците во публиката интервенираа на сцената со креативни решенија, за на крај „опресорот“, на општо задоволство на присутните, да попушти и да и даде шанса на девојката со кларинет.

DSC05550Сите ученици, наставници, актери и организатори на овој одличен настан, на кој доминираа вредностите на соживот, толеранција и интеграција, заслужуваат искрени честитки. Ова прилепско училиште покажа пример за сите средни училишта и млади луѓе во земјава  – дека кога сите сме едно, кога сме заедно,  се достигнуваат поголеми успеси.